Skip to main content
Македонија

УХМР: Од утре попладне дожд, веќе во сабота вистинска пролет

10/03/2025  13:04

УХМР, информира дека утре од попладневните часови до четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено во ноќните часови кон четврток. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и сабота, а во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h). Според прогнозата, во сабота максималните дневни температури ќе достигнат 28 степени.