Skip to main content
Хроника

Два автомобили запалени во скопски Карпош

19/09/2026  14:39

На 19.09.2026 околу 04:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош опожарени биле патничко возило „тојота” со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице и патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С.. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.