
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за поинтензивна нестабилност на времето во повеќе делови од земјава, при што нестабилни облачни маси се регистрирани во Скопскиот и Охридскиот Регион.

Според најновите информации од УХМР, југоисточно од Катланово е регистрирано невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално има услови и за појава на град.
Во исто време, од југозапад кон Скопската Котлина се приближува нестабилна облачна маса, која веќе носи умерени врнежи од дожд и засилен ветер.
Промена на временските услови е забележана и во Охридскиот Регион, каде што има зголемена облачност проследена со слаби врнежи од дожд.
Поради нестабилноста и можноста за поинтензивни локални врнежи, грмежи и силни налети на ветер, се препорачува зголемена внимателност, особено за учесниците во сообраќајот и за граѓаните кои се наоѓаат на отворен простор.

