
Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е уапсен под сомнение дека барал мито во замена за вработување, дознава „Плусинфо“.
Според информациите со кои располага порталот, случајот бил пријавен во полиција, по што била спроведена постапка за документирање на наводното кривично дело.
На осомничениот, како дел од полициската акција, наводно му биле предадени претходно обележани пари, по што бил лишен од слобода.
Засега нема официјални информации за висината на сумата што наводно била побарана, ниту за околностите под кои било ветувано вработувањето.
Се очекува надлежните институции официјално да го потврдат случајот и да соопштат повеќе детали за истрагата и за евентуалните натамошни постапки против осомничениот.


