
На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово.
При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.


