
Министерството за култура и туризам на Турција соопшти дека во периодот од јануари до август земјата ја посетиле 34,83 милиони странски туристи.

Во споредба со истиот период минатата година забележан е пад од 1,84 проценти, додека намалувањето на бројот на туристи од странство во август изнесува 0,03 отсто.
Податоците на Министерството покажуваат дека најголем пад има кај туристите од Германија (13,55 проценти), од Велика Британија (12,61 отсто) и од Саудиска Арабија (11,1 проценти).
Додека зголемување е регистрирано кај руските туристи. Турција првите осум месеци од годината ја посетиле 4,72 милиони туристи од Русија, а минатата година 4,55 милиони.
На второ место се наоѓаат туристите од Германија (4,4 милиони), потоа следат британските туристи (2,71 милиони), а на трето место се туристите од Иран (1,91 милиони).

Во периодот од јануари до август Истанбул го посетиле 12,47 милиони странски туристи, а Анталија – 10,28 милиони, од кои 2,2 милиони туристи во август.

