
На 17.10.2026 во СВР Тетово се пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба на 16.10.2026 во верски објекти на подрачјето на градот.

Во верски објект „Фирдеус“ на ул. „Ван Вардарска“, во периодот од 16.10.2026 до 17.10.2026 непознат сторител со употреба на физичка сила насилно го отворил прозорецот од подрумските простории и се обидел да ја отвори подрумската врата, по што го напуштил местото.
Во „Големата џамија“ на ул. „Горна Чаршија“, околу 05:30 часот, едно лице влегло во објектот, се обидело да го пронајде клучот, а потоа со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, по што се оддалечило.
Во „Ески“ џамијата на ул. „Пробиштипска“, одговорното лице А.Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да го отвори и оштетил металниот сеф, кој бил пронајден поместен под столиците.
По преземени оперативни мерки од страна полициски службеници од СВР Тетово, на 17.10.2026 година во 12:30 часот на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово е лишен од слобода Д.С. (35) од с.Јеловјане, поради основано сомнение за сторено кривични дела ,,Тешка кражба“ и „Тешка кражба во обид“ казниво по член 235 од КЗ. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

