Skip to main content
Скопје

Транспортирани  200 кубни метри отпад во рамките на акцијата „Генералка викенд“

14/05/2026  11:23

И оваа година, ЈП Комунална хигиена – Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај.

Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки.

Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини каде што учесниците во посебно одредени пунктови, претежно во близина на образовните институции – градинки и училишта, го одлагаа насобраниот отпад што по завршувањето на акцијата беше преземен и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје.

Во рамките на акцијата „Генералка викенд“, ЈП Комунална хигиена – Скопје транспортираше вкупно 200 кубни метри отпад на територијата на градот Скопје.

Претпријатието изразува подготвеност за учество во сите иницијативи и активности што ќе придонесат за заштита на животната средина и јавното здравје.