Skip to main content
Македонија

Тошковски: Телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди сѐ почесто таргетираат постари граѓани, жртвите да го исклучат телефонот и да пријавуваат во МВР

20/08/2025  18:01

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска преку видео објавено на неговиот Фејсбук профил истакнува дека телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди сѐ почесто таргетираат постари граѓани. Наша заедничка одговорност, посочи тој, е да им укажеме како да ги препознаат и да се заштитат.

Министерот ги советува жртвите да не продолжат во комуникација кога ќе се посомневаат дека станува збор за измама.

-Треба да го исклучат телефонот и веднаш да известат на 112, да се јават на телефонскиот број 112 кој што е во Центарот за управување со кризи и ќе ги пренасочи во МВР откако ќе кажат дека се сомневаат за измама или директно да ѕвонат на 192 во МВР и директно да информираат дека се сомневаат за одредена измама, по што ќе бидат исконтактирани инспекторите кои работат во МВР, ќе дојдат не лице место и ќе продолжат понатака со соодветни дејствија во насока на расветлување на конкретниот случај. Значи, советот е никако да не продолжат во комуникација кога ќе се посомневаат дека станува збор за измама, нагласи министерот Тошковски.