Skip to main content
Македонија

Топло и променливо утро со локални врнежи во нашата Македонија

22/10/2025  09:53

Денешното утро во нашата Република Македонија ни донесе топло и променливо време со локални врнежи од дожд. Температурите се многу повисоки за разлика од изминатите утрини и тоа поради влијанието на јужното и југозападното струење на висина кое придонесува за прилив на значително потопол воздух од југозапад.