
На 23.07.2026 во 10:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, помеѓу кичевските села Извор и Попоец, С.Ј.(25) од Индија, кој работел на изградба на автопатот, управувајќи товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со возилото.
Тој со медицинско возило е пренесен во Општа болница во Кичево, а увид на местото на настанот извршија полициски екипи. ОВР Кичево во соработка со јавен обвинител и други надлежни институции работи на целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок.

