Skip to main content
Македонија

Тешка сообраќајка на патот кон ГП Блаце: Има повредени, колони возила и пренасочување на сообраќајот

05/09/2026  14:19

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот кон граничниот премин Блаце, при што, според првичните информации, има и повредени лица дознава 24инфо.

Во сообраќајката учествувале повеќе возила – два автомобили „голф“, возило БЈД и товарно возило – шлепер. На фотографиите од местото може да се забележат сериозно оштетени автомобили, активирани воздушни перничиња и делови од возилата расфрлани по коловозот.

Несреќата предизвика сериозни проблеми во сообраќајот и долги колони возила на патот кон македонско-косовската граница.

Во моментов сообраќајот кон Косово се одвива само по една сообраќајна лента, додека возилата кои доаѓаат од Косово во правец кон Скопје се пренасочуваат по селски пат.

Поради сообраќајката се создадени колони, а движењето во овој дел се одвива отежнато. Возачите кои се упатуваат кон ГП Блаце треба да бидат внимателни и да очекуваат задржувања.

Засега нема официјални информации за бројот и состојбата на повредените, ниту за причините за несреќата.