
Вечерва на скопската обиколница се случила сообраќајна незгода во која учествувале две возила јавува тв21.
Полициските службеници веќе се на терен и вршат увид за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.
Засега нема информации за повредени лица или жртви. Ситуацијата е под контрола, а надлежните служби преземаат мерки за расчистување на местото на незгодата.