
Променливо облачно време со сончеви периоди се очекува денеска, петок, 6 ноември, во Македонија. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури ќе се движат од нула до осум степени. Во текот на денот најтопло ќе биде во Гевгелија, каде што се очекуваат 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне 17 степени.
Стабилното време со сончеви периоди ќе продолжи и за викендот, но утрата ќе бидат постудени. На одделни места температурите ќе се спуштат под нулата, а во котлините повторно ќе има услови за магла.
Од почетокот до средината на следната седмица се очекува попроменливо време, со услови за слаб локален дожд во текот на денот.


