Skip to main content
Хроника

Скопјанец нападнал патници и возач на автобус, оштетил возило, па удрил и по полицијата

04/11/2026  12:52

На 03.11.2026 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(27) од Скопје, откако физички нападнал неколку патници и возач на автобус, оштетил автомобил, а потоа нападнал и полициски службеници.

Претходно било пријавено дека најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници како и возачот на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон, по што излегол надвор од автобусот и оштетил патничко возило, а откако пристигнала полицијата физички ги нападнал полициски службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.