Skip to main content
Македонија

Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

09/08/2026  12:23


Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава.

Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња.

А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија”.  Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда.

Се јавува само кога ќе го повика Мицкоски – преку медиуми, од собраниска говорница или директно по телефон.

Кога граѓаните бараат заштита, Савески или не се јавува, или е на екскурзија и не може.

Во меѓувреме, од десетиците што учествуваа во нападот, веќе се познати барем двајца:

•  Петар Марков – пратеник на ВМРО

•  Наско Димитриев – член на ВМРО и возач на градоначалникот. 

Едниот е пратеник. Другиот е човек близок до локалната власт на ВМРО.

А Обвинителството сè уште „не знае” кој ги нападна младите.

Ова е свесно одбивање да се заштитат граѓаните кога насилниците се од владејачката структура.

Додека Савески е на екскурзија, а Мицкоски на своја, младите остануваат без заштита, а насилниците – без одговорност.

Доаѓа време кога и ова ќе мора да се објасни.