Skip to main content
Македонија

Штерјова: Нема чиста вода за граѓаните, нема струја, а Мицкоски и ВМРО за профит туркаат дата центри

08/08/2026  14:35

Интегрален текст од прес конференција на Кети Штерјова од СДСМ:

Европа се соочува со суша, со намалување на водните ресурси и пресушување на реките.

Поради ниските нивоа на реката Дунав нарушено е производството на струја низ Европа,  постои голем ризик за недостаток на струја што ќе доведе до значително покачување на цените.

А Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува. Додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со загадена вода.

И во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити.

Во Еврпа и светот се стопира изградбата на дата центри, само Владата на 

Мицкоски продолжува да ги турка како завршена работа. 

Овие објекти за дата центри трошат огромни количини струја и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на нови работни места и даночни приходи е минимален.

Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители.

Нашата инфраструктура не може да ја издржи и носи ризик од рестрикции за вода и покачување на цените на струјата. 

А видовме што се случува и со водата, владата на Мицкоски не може да обезбеди доволно чиста вода за пиење а не повеќе!

Македонија нема доволно електрична енергија за дата центри и ќе мора да се увезува.

И клучното прашање колку поголем увоз на струја ќе биде потребен, бидејчи крајно повторно цената ќе ја платат граѓаните преку повисоки сметки за струја. 

Која вода ќе се користи, дали тоа значи дека ќе се загреваат реките и дали ќе има испуштање на затоплена вода во реките? Како тоа ќе влијае врз биодиверзитетот?

Водата и струјата не може да бидат скапа авантура која ќе ги збогати блиските до Мицкоски и ВМРО – ОКГ на штета на граѓаните.

Во повеќе американски држави и во Европа се стопираат ваквите инвестиции поради недостиг на вода, огромна потрошувачка на струја и влијанието врз животната средина. 

Само Мицкоски и неговата Влада ја туркаат оваа идеја. Граѓаните да плаќаат повисоки сметки за струја, да немаат вода – ама криминалната организација ВМРО да има полни џебови. 

СДСМ не е против дигитализациа. Дигитализацијата не значи само да се изгради дата-центар. Таа значи функционални електронски услуги, поврзани институции, помалку бирократија и држава која работи побрзо и поефикасно за граѓаните. 

СДСМ е против ставање на водата и струјата под ризик за бизнис интересите на власта.

Бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода.