
Пожар избувна во објект што се користи како куќа и магацин во близина на Бит Пазар во Скопје. На терен интервенираат екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје со шест противпожарни возила, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Причината за пожарот засега е непозната, а од ЦУК сè уште нема информации за евентуални повредени или за обемот на материјалната штета.
Од ЦУК најавија дека повеќе детали ќе соопштат по завршувањето на интервенцијата.

