Skip to main content
Македонија

Се вози по мокри коловози, намалена видливост на патот Куманово – Страцин

28/11/2026  08:29

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На патниот правец Куманово – Страцин поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.