Skip to main content
Македонија

Жена од Гостивар примена во Ургентниот центар со повреди на главата и градниот кош по напад

27/11/2026  22:21

Жена од Гостивар вечерва е примена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со повреди на главата, лицето и градниот кош по физички напад, објави „Слободен печат“.

Приемот го потврди раководителот на Ургентниот хируршки центар, доктор Дејан Здравковски, кој посочи дека медицинските испитувања сè уште траат.

„Настанот се случил вчера, ама денес е пријавено. Полицијата е известена и разговара со неа“, изјави Здравковски.

Според лекарот, пациентката има и деформитети на лицето од здобиените повреди. Засега не е соопштена конечна процена за нејзината здравствена состојба.