Skip to main content
Хроника

(Видео) Крадци сред бел ден ограбија златарница во Куманово

27/11/2026  15:46

Сред бел ден во центарот на Куманово денеска била ограбена златарница.

Три маскирани лица насила влегле во објектот и одзеле значителна количина златен накит.

На видеото објавено од телевизијата Алсат, а кое е снимено од безбедносните камери во златарницата, се гледа дека разбојниците влегуваат во дуќанот со скала, а потоа го крадат накитот од витрините и шкафовите.

На видеото се гледа дека грабежот е во 13.25 часот, а според неофицијалните информации, истиот е извршен додека вработениот во златарницата бил на петочна молитва во џамија.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.