Skip to main content
Македонија

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во Кочани

08/06/2025  21:03

Соопштение на СДСМ:

Во својата забеганост Мицкоски денес од Велес, врескаше и ги обвинуваше родителите дека од граѓанско движење полека се претварале во „политичка партија”. 

Овој наратив на Мицкоски сериозно загрижува, особено поради фактот што на овој начин се повикува на јавен линч на родителите на загинатите и повредените и нивните семејства. 

Забеганоста на ваквиот наратив е и во фактот што Мицкоски ја покажа својата лутина и гнев кон родителите, недостасуваше уште да ги обвини за трагедијата и за неговиот рејтинг. 

Мицкоски се дрзна да ги споменува и жртвите во случајот со Мартин Нешковски, малата Тамара но и Смилковско Езеро. Ова е некрофилија и јавен линч врз жртвите од трагедии, за кои Мицкоски вели дека се некрофили и негови политички непријатели.