Skip to main content
Македонија

СДСМ: По Мицкоски и неговиот „талог” за Илинден, денес продолжи ужасното навредување од страна на Стоилковиќ

06/08/2026  19:28

Соопштение за јавност на СДСМ

Денеска, под команда на началникот Латас, Стоилковиќ и Ивона Талевска преку Орбановиот портал, што го спонзорира Алта банка, објавија текст со наслов „За гомнар со гомнарска цевка”, полн со најтешки навреди кон СДСМ и кон претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.

Криминалната организација ВМРО-ОКГ и  екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите, Алтa банка и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник.

Еве ги зборовите што ги користат:

•  гомнар

•  гомнарска цевка

•  кловновска дружина

•  комуњарско коњиште

•  подгазна мува

•  политичка бљувотина

•  духовен изрод

•  послушник

•  продавач на магла

•  шампион во тресење празна слама

•  евтин хохштаплер

•  климач со празна глава

•  кловн на празни флоскули

•  скап политички статист

•  тело без карактер

•  тело без морал

•  дворски лакеј

•  политички камелеон

•  носач на туѓи ташни

•  низок користољубец

•  полтронска марионета

•  смешен кловн со две леви нозе

•  селска стринка

•  кодош

•  гази преку лешеви

Ова е јазикот што го користат.

Мицкоски со навреди: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говореше за македонскиот народ – сега оди во уште полоша форма.

„Вреднувањата” се подигнати на уште повисоко ниво.

Ниво на сеење омраза и бес.

Синоќа ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село – само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар. Потоа следеше физички напад врз нив.

И овој текст Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил.

Тоа е министер на оваа Влада!

Овие луѓе што носат фашисти, пропагатори на војна, политика на Милошевиќ и на деведесеттите, промотори на етничко чистење, што промовираат говор на омраза – не можат да бидат дел од македонската јавност.

Овие вампири од минатото ги врати во живот Христијан Мицкоски.

Ова Македонија не смее да го дозволи.