
Соопштение за јавност на СДСМ:
ВМРО-ОКГ не престанува со навреди.
Мицкоски на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог”.
Вчера цел ден оркестрирана кампања по директива на началникот на Мицкоски – Драган Павловиќ Латас.
Ги наведовме сите: – Бране Петрушевски, – Лидија Петкоска, – Бисера Златеска, – Емилија Ангелова, – Драган Ковачки, Миле Лефков, – Петар Марков…
Денеска е редот на Манасиевски.
Истиот речник. Истата задача.
Дел од екипата што ја брани криминалната организација.
Од вчера почнаа и забрани на објавите, ги тргаат соопштенијата на СДСМ од агергаторите на вести.
Фармите на тролови и бот-платформите на сестринската СНС работат со полн капацитет.
Во тек се подготовки за нова „Ало” група – увоз на медиуми на Вучиќ од Србија.
Еуроњуз лиценцата што треба да ја води Ивона Талевска.
Притисок врз слободните медиуми преку финансии и преземање новинари за новите српски медиуми во Македонија.
Латас одамна ја практикува Гебелсовата техника во медиумите.
Мицкоски вчера почна со техниката на Вучиќ – тепање на оние што мислат поинаку.
Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век.
Фашистички методи во 21 век во Македонија.
Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата.
Повеќе ниту не се крие дека Вучиќ управува со Мицкоски и преку ВМРО-ОКГ со Македонија.
Покрај медиумите што доаѓаат да ги дополнат Орбановите 40%, тука се и верните агенти покрај Латас:
• Геро (Бранко Героски) со своите текстови во кои цитира српски писатели (од сите македонски мора токму српски)
• Стоилковиќ со својата кампања во медиумите на Вучиќ
• Бизнис-партнерот на Мицкоски, почесниот конзул на Македонија во Србија – Душан Адамовиќ и Милош Вучевик – со задачи за Стоилковиќ
• Министерот за полиција, сега за војска, претходно директор на БИА – Гашиќ, замешан во случајот со 5 тони дрога што завршија од Македонија во Србија.
А сѐ ова оперативно одамна го поврза Живаљевиќ – некогашниот официјален претставник во српската амбасада во Скопје, началник во БИА и координатор за „српскиот свет”.
Човекот кој го координираше нападот во Собранието на 27 април од станот на таканаречениот независен новинар Бранко Героски – Геро (кој повеќе и не ја крие поддршката за организираната криминална група), заедно со Латас и Стоилковиќ – денес првиот човек на Вучиќ во Владата на Мицкоски и офицер за врска со СНС.
Ова е нивното лице. Ова е мрежата на ВМРО-ОКГ, мрежата на балканскиот картел на Вучиќ, која ја држи Македонија како слепо црево на Балканот и Европа.


