
Соопштение за јавност на СДСМ:
Владата на Мицкоски го укинува Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.
Ова е чекор назад кој значи поништување на реформите кои се спроведоа по препораките на Прибе. Удар врз механизамот воспоставен во рамките на реформите чија цел беше да се спречат повторни злоупотреби и политизација на службите.
Скандалозно е што самото МВР оценува дека законот е системски правилно поставен и усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО, а сепак предлага негово укинување.
Ако проблемот е во спроведувањето, зошто се укинува законот? Ако недостига оперативен капацитет, зошто не го обезбедат? Ако постои недоверба меѓу институциите, кој е одговорен да ја надмине?
Не држат изговорите. Цела на Мицкоски е јасна, да воведе целосна партиска контрола над службите, како во времето на Груевски и Сашо Мијалков.
Како што го контролира правосудството, полицијата и се друго во државата.
Реформите кои што се спроведоа по стандарди на ЕУ и НАТО имаа јасна цел: професионални служби, разграничени надлежности, демократска контрола и заштита на граѓаните.
Затоа ОТА беше формирана како посебна агенција, а АНБ беше издвоена од МВР. Овој процес беше важен дел од приближувањето на државата кон НАТО и ЕУ.
Законот за координација обезбедува заеднички проценки на заканите, размена на информации и усогласено постапување на АНБ, Агенцијата за разузнавање и военото разузнавање. Со Советот претседава премиерот, а механизмот ги поврзува службите и со предлозите на Советот за безбедност.
Сега Мицкоски тоа го поништува за партиски и лични цели.
Очигкедно е дека ова подготовка за најавуваното спојување на АНБ и Агенцијата за разузнавање.
За Мицкоски и безбедносниот систем е партиски плен. Македонија веќе ја плати цената на злоупотребата на службите за политички интереси.
СДСМ бара повлекување на предлогот и отворање јавна, експертска и парламентарна расправа.
Нема да молчиме на бришење на реформите и нова партизација на службите.


