Skip to main content
Македонија

СДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски е понижена

23/06/2025  09:28

Соопштение на СДСМ:

По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна.  Македонија економски е понижена. 

Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира.

Растот на платите е целосно закочен, цените на основните производи расте. Народот едвај врзува крај со крај.  Додека народот живее на раб на егзистенција, функционерите на власта се расфрлаат со луксуз – летаат со приватни авиони, трошат на скапа храна, папаја, манго, уживаат во хотели од соништата. 

Тоа е тажната реалност денеска после една година Влада. ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја втурнаа државата во длабока економска нестабилност.

Иако власта упорно сака да уверува дека економијата расте, фактите говорат поинаку. Инфлацијата изнесува речиси 4.5%, а економскиот раст едвај достигнува 2.6%. Земјата за првпат има негативен економски резултат полош и од воената 2001 година.

Владата живее во паралелна реалност, убедувајќи дека сме „економски тигар” и дека куповната моќ е поголема од европската, додека реалноста покажува сосема спротивно Македонија е на дното во Европа и по висина на плати и по животен стандард, како економски глушец.

Ова не се политички конструкции, туку податоци од најреномираните европски институции, кои потврдуваат дека Македонија се движи во погрешна насока.