
Прес-конференција на СДСМ, Елена Радеска

Како се потрошени 5.53 милиони евра, каде завршија парите и како е финансирањето преку Државна лотарија бара целосна истрага и утврдување одговорност.
Дел од документите коишто беа објавени од „Слободен печат” ги поткрепуваат сите сомнежи на СДСМ за арамиски дилови.
Според објавениот договор, фирмата „Стардаст” добива спонзорство од 300 милиони денари на 8 мај – истиот ден кога завршува јавниот повик и пристигнува единствената понуда.
Според објавените документи, барањето било поднесено откако програмата веќе започнала, а решението било издадено по завршувањето на настаните.
Она што е клучно – Оваа фирма, има примено финансиски средства од Државната лотарија по основ на спонзорства и донации во вкупен износ од 30 илјади евра уште во февруари, неколку месеци пред да биде избрана.
А досега не е објавено за што се овие пари. Дали се можеби аванс за да се почне договарањето на Гета?
Затоа ли се кријат останатите документи од јавноста?
Арамијата Мицкоски излажа дека се потрошени „нула денари”, јавноста дозна дека станува збор за 5.53 милиони евра!
Јавното обвинителство сега има доволно докази и мора веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација, да го следи текот на парите.
Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? На која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон?
Бараме прецизен преглед на средствата од Лотарија и на дополнителното финансирање од компании, со сите приматели и намени.
Граѓаните да видат каде завршиле нивните пари.
Дали сите услуги се документирани и сите даночни обврски се исполнети?
Објавете ги договорите, записниците, фактурите и исплатите.
Не може да се потрошат 5.5 милиони евра, а да се крие.
СДСМ ќе продолжи да бара одговорност. Доста се арамиски работи.

Граѓаните имаат право да знаат кој одлучувал за нивните пари, кој ги добил, колкави биле провизиите и што точно било платено.

