
Соопштение за јавност на СДСМ:
СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места.
Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување.
Дури и во училишта. Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали општината и централната власт нешто презела?
Советниците на СДСМ бараат и посебна точка на дневен ред за состојбата со водата во Велес.
Откако за неколку дена добивме загадена вода во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево, не може да се молчи.
Сега СДСМ бара итна и целосна проверка на водата за пиење во сите градови и општини во Македонија. Без исклучок. Без селективност.
Без прикривање на резултатите.
Нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја отрујат цела земја.
Граѓаните имаат право да знаат што пијат. А оваа власт има обврска конечно да одговори – не со изговори, туку со факти и со чиста вода.


