Skip to main content
Македонија

СДСМ: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

16/05/2026  12:30

Прес конференција на АКТ СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор:

Додека владата нема пари за повисоки плати, нема пари за пензии ниту за мерки за граѓаните во криза фрчат тендери со милионски суми за едни исти фирми блиски до ВМРО-ОКГ.


Шемата е добро позната и разработена.  Ова е корупциски систем во кој едни исти фирми добиваат сè. На локално ниво. На централно ниво. Во институциите, општините, сите раководени од кадри на ВМРО-ОКГ.


Така се испумпуваат парите на народот, бездушно.


Денеска АКТ на СДСМ открива нов скандал.  Нова омилена фирма на ВМРО-ОКГ. 


Фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ, блиска до власта, добила дури 93 тендери.


Вкупната вредност? Над 18,3 милиони евра. Народни пари.


Нема ситни пари кога е ВМРО-ОКГ во прашање.


Најголеми суми се реализирани во Скопје, каде е и последниот тендер за Луна парк, истата фирма.


Кога Орце ветуваше чистење на градот очигледно мислел на џебовите на граѓаните, бидејќи ѓубрето стои. Пари се чистат на големо.


Државата тоне во долгови. Граѓаните едвај преживуваат. Скопје е во хаос.


А власта дели милиони на омилените фирми.


93 тендери. Замислете која огромна бројка е тоа. Колку само време е потребно да се спремат 93 тендери, само за една фирма.


Ете затоа во Македонија нема реформи, нема европско обвинителство, нема ЕУ.


Заради лапање пари, заради криминал, заради тендери.


Криминалот и корупцијата е најголемата закана за Македонија.


Колку повеќе сме далеку од Европа, толку повеќе простор има за местење тендери, за богатење на блиски фирми и за организиран грабеж на државата.


Прашањето е:


До кога Јавното обвинителство ќе молчи?


Или чека обвинителот насоки по телефон од премиерот Мицкоски?


Колку скандали треба да објави  АКТ на СДСМ за конечно институциите да почнат да работат?

СДСМ нема да молчи.


Ќе продолжиме да ги разобличуваме сите криминални шеми на ВМРО-ОКГ. Секој тендер.


Секоја фирма. Секој милион народни пари.


Доаѓа време на одговорност, правда и вистина.