Skip to main content
Хроника

Битолчанец сакал да ограби канцеларија за брзи кредити, полицијата го уапси

16/05/2026  12:43

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво во обид”.

На 16.05.2026  во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Ѓ. и при извршен претрес со Наредба од основен суд Битола во неговиот дом бил пронајден и одземен пиштол.

Според пријавеното, истиот на 30.04.2026 во 18:10 часот во канцеларија за кредитирање лоцирана на ул. „Столарска” во Битола  се обидел да изврши разбојништво со закана со огнено оружје , но не  успеал и се дал во бегство.