Skip to main content
Македонија

Само еден активен пожар на отворен простор до 13:00 часот

04/08/2026  13:30

На ден 04.08.2026 година, до 13:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активен пожар:
Општина Кавадарци: с. Раец – с. Ќесендре – с. Дреново (нискостеблеста шума и ниска вегетација).

Изгаснати пожари:
Општина Прилеп: ул. Дебарска, кај м.в. Теќе (депонија);
Општина Теарце: с. Шемшово – с. Сиричино (ѓубре);
Општина Чучер Сандево: с. Глуво (сува трева);
Општина Чучер Сандево: с. Мирковци (сува трева).