Skip to main content
Свет

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара

19/08/2025  19:29

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска објави дека самитот на Северноатлантската алијанса ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара.

Најавувајќи го местото на одржување, Руте рече: „Би сакал да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години, давајќи непроценлив придонес кон нашата заедничка безбедност. На нивниот следен состанок, лидерите ќе продолжат да го прават НАТО посилен, пофер и поспособен сојуз, подготвен да се соочи со предизвиците што се клучни за нашата безбедност.“