Skip to main content
Скопје

Салиу: Децата во Шуто Оризари заслужуваат современо и модерно основно училиште

17/10/2025  18:54

Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите(ДСР) д-р Шабан Салиу најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со  порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно”.

Салиу зборува и за својата образовна визија како градоначалник на оваа скопска општина.

 „Заслужуваат современо и модерно основно училиште — модерни училници, дигитална опрема и услови за квалитетно образование на секое дете. Заслужуваат специјализирани простории за музичка, ликовна и техничка настава. Време е сонот да стане јаве, да стане наше секојдневие — генерација по генерација,” порачува Салиу.

Повикувајќи на заедничка одговорност и работа, Салиу истакна: „Драги мои, да покажеме дека Шуто Оризари не моли — Шуто Оризари работи. Тоа е мојата задача. Тоа е нашата победа.”