Skip to main content
Свет

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

09/05/2026  21:41

Возењето со автономен роботски превоз Waymo во Калифорнија се претвори во непријатно искуство за еден патник откако автомобилот му го однесе багажот во друг град.

Кон крајот на април, Ди Џин користел робот-такси „Вејмо“ за да се вози до аеродромот во Сан Хозе.

Самоуправувачкиот „Јагуар И-Пејс“ го однесе до неговата дестинација, но проблемот се појави кога се обиде да го отвори багажникот за да ги земе куферите.

Како што тврди тој, копчето за отварање на багажникот не реагирало, а неколку моменти подоцна автомобилот едноставно си заминал – заедно со неговиот багаж.

Патникот веднаш контактирал со службата за корисници на Waymo, но му било кажано дека возилото не може да се врати и дека се упатува кон депо во Сан Франциско.

Поради ова, тој морал да патува без своите работи.

Подоцна беше потврдено дека багажот е пронајден, но „Вејмо“ првично одби да плати за испораката до сопственикот, нудејќи му само бесплатен превоз до депото и назад.

По дополнителни поплаки, компанијата конечно се согласи да организира и да плати за враќањето на багажот.

Waymo вели дека корисниците можат да го отворат багажникот преку апликација или надворешно копче на возилото, но во овој случај системот очигледно не работел правилно.

Инцидентот повторно го отвори прашањето колку се подготвени автономните такси возила за секојдневна употреба без човечка помош.