
На 24.09.2026 во 14:00 часот во село Конче, Општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Б.У.(20) од истото село. Тој се сомничи дека во 2024 и 2025 година, заедно со Д.А.(20) од село Конче, извршиле четири кражби на тутун од сушари сопственост на жители на селата Конче и Тополница. Во Полициската станица Радовиш бил повикан и Д.А., по што лицата во службен разговор ги признале делата.
Истиот ден во 18:30 часот во Полициската станица Радовиш е повикан и Е.А.(40) од село Сопурге, радовишко, кој се сомничи дека извршил кражба на приклучна земјоделска механизација, сопственост на Е.О.(44) од село Конче, пријавена на 18.08.2026 година. Исто така, во службен разговор и Е.А. признал дека ја извршил кражбата, а одземените предмети ги продал во откупен пункт за старо железо.

За настаните е известен јавен обвинител, а по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

