
На 16.10.2026 во 12:30 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.С.(60) со престој во село Војшанци, неготинско. При претрес во домот, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени одземени марихуана, бела прашкаста материја, семки, дигитална вага, дробилка, пари и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.10.2026 во 14:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(53) од Велес. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и телефон. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.



