
На 09.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 11:00 часот при извршен претрес на пратка за осуденикот О.М.(48) од Куманово, биле пронајдени и одземени 32 пакувања со марихуана.
Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.



