Skip to main content
Хроника

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице

04/11/2026  10:09

На 03.11.2026 година, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.С. (27) од Прилеп.

При извршен претрес во неговиот дом и помошните простории во Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.