Skip to main content
Хроника

Дебранец ги пресекол и ги однел каблите за улично осветлување

24/11/2026  12:08

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.Г.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Уништување или оштетување јавни инсталации” по член 291 од Кривичниот законик.

Тој, на 12.11.2026 година, кај месноста  „Говедарски пат” кај Дебар, со употреба на работен алат свесно и со умисла, ги пресекол каблите поставени на дрвени столбови за улично осветлување и ги собрал.

На тој начин, пријавениот ја направил неупотреблива електричната инсталација за јавна употреба на енергија и улично осветлување, во должина од околу 120-150 метри .