Skip to main content
Хроника

Приведени полски државјани – оштетиле воени магацини во Тетово

29/09/2026  12:33

На 28.09.2026 во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино” во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот.

Војниците кои биле на стража на лице место задржале четири лица, сите државјани на Полска: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), додека други три лица со четирицикли се дале во бегство.

Четирите лица се лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик „неовластено влегување во воени објекти”.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите три лица и по документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.