
На 03.09.2026 година во 11 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, лишен од слобода е Р.К.(24) од Истанбул, Република Турција.

Тој, се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција.

По целосно расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
