Skip to main content
Хроника

Претреси во Скопје и Волково, пронајдени амфетамини и оружје

26/12/2024  12:57

Денеска во 10.15 часот од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на З.В.(34) во с.Волково,скопско.

Вчера во 16.20 часот од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Р.П.(40) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.215 од КЗ.