
Четири лица од демирхисарското село Обедник се лишени од слобода по полициски претреси во кои биле пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција.
На 1 јули 2026 година во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Е.Р. (57) и Е.Р. (20), двајцата од село Обедник. При претрес во нивниот дом, извршен по наредба на Основниот суд Битола, биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција од различен калибар и други предмети.
Претходно, во 09:45 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода и Р.М. (61) и Р.Ш. (35), исто така од село Обедник. При претрес во нивниот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени пет пушки, еден пиштол и 38 парчиња муниција од различен калибар.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
