Skip to main content
Хроника

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, приведено едно лице

17/10/2026  09:53

На 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод.

При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.