
На 22.09.2026 во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Д.(26) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ и куршуми.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
