Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.
На 01.01.2025 околу 14 часот во близина на границата со Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го затекнале пријавениот како пеш спроведува пет лица од Народна Република Кина.
Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор.