Skip to main content
Свет

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

20/09/2026  14:39

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска ја обвини Европа дека е „немоќна и зборува само за војна“ и не презема ништо за да го запре конфликтот во Украина, ветувајќи дека лично ќе се бори за ставање крај на, како што наведе, „таа одвратна војна“.

– Ќе се борам да запре таа одвратна војна. Неверојатно е. Немоќта на Европа е страшна, порача Бабиш – облечен во маица со слоганот „НЕ ЗА ВОЈНА“ – во своето редовно неделно видео-обраќање на Фејсбук.

Според него, Европа воопшто нема желба да разговара за мир.

– Не сакаат. Сите зборуваат само за војна. И тоа е одвоено од фактот дека очигледно мораме да се вооружуваме и да бидеме подготвени доколку нешто се случи. Но, каде е иницијативата на Европа? Трамп разговара со Путин, а треба и ние, како Европа, да направиме сè за да ја запреме таа војна, рече Бабиш.