Skip to main content
Хроника

Прегазен малолетнен пешак во гостиварско

08/05/2025  13:55

Вчера околу 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „сеат леон“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(39) од с.Добридол, удрило во малолетен пешак од истото село.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.