
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој вечерва ќе поднесе оставка, најави дека ќе донесе одлуки за помилувања и амнестија за одредени лица. Одлуките се однесуваат на настаните од изминатата година и пол, а Вучиќ не прецизираше за кого станува збор. Тој за Радио-телевизија на Србија (РТС) изјави дека сè уште работи на подготовка на тие одлуки.
„Станува збор за група луѓе кои учествувале во сè што се случило во земјата во последната година и пол, од двете страни. Многумина ќе бидат изненадени од овие помилувања и аболиции“, рече Вучиќ, како што објави Нова.рс.
Различни правила за осудени и неосудени лица
Тој додаде дека една одлука ќе се однесува на луѓето кои веќе имаат осуди, додека различни правила ќе важат за оние без осуди. „Верувам дека ова ќе придонесе за помирен живот и подобро меѓусебно разбирање“, рече Вучиќ.

