
Септемвриската пензија ќе се зголеми за три проценти, соопшти денеска директорот на ПИОМ Никола Мемов.
За разлика од претходно овој пат нема да има линерано зголемување на пензиите, туку тоа ќе се врши согласно законското усогласување на пензиите, односно како збир од 50% од растот на трошоците за живот и 50% од растот на платите во последните шест месеци.
Тоа значи дека пензионер кој прима пензија од 20.000 денари, со зголемувањето неговата пензија ќе биде повисока за 600 денари.
Новите износи се очекува да се применат при исплатата на пензиите следниот месец. Висината на зголемувањето ќе се утврди со примена на предвидениот процент врз актуелниот износ на пензијата.
Во Фондот веќе се вршат пресметките за новите износи, со цел исплатата да се подготви навреме.


